Совети од дерматолозите: Овие работи треба да ги знаете за туширањето

Сакате да го започнете денот со жежок туш? Разбудете се, расчистете ги мислите и опуштете ги мускулите – спремни сте за нов ден.
Ова можеби и не е најдобрата работа што можете да ја направите за вашата кожа, велат дерматолозите. Премногу жешка вода може да биде лоша за вашето тело.
Дерматолозите се согласуваат околу неколку правила кон кои треба да се придржувате за да бидете уредни и чисти и да ѝ овозможите удобност на вашата кожа во текот на туширањето.
1.Не туширајте се пречесто
Колку често треба да се туширате, зависи од вашата активност. Експертите се согласуваат дека не постои универзално правило што би можело да биде применето на сите луѓе. Ако не сте претерано активни, можете да се туширате и неколку пати неделно.
Ако вежбате и се туширате наутро, па повторно по вежбањето, треба да внимавате туширањето да не трае предолго.
Претераното изложување на вода може да ја исуши вашата кожа и вашата коса. Освен тоа, долгото туширање ќе ги зголеми шансите да ја оштетите кожата со средства за чистење што ги користите.
„Немојте да стоите под туш, бидете активни и туширањето нека трае помалку од пет минути“, велат дерматолозите.
2.Туширајте се со студена вода
Жешката вода го уништува природното масло и ја оштетува кожата побрзо. Затоа, изберете ладен туш.
Сепак, Крант вели дека не е неопходно да се туширате со студена вода. Изберете ја онаа што најмногу ви одговара.
3.Немојте да ја миете косата пречесто
Косата не треба толку често да се мие како останатиот дел од телото. Колку често треба да ја миете, зависи од типот на кожата. Пречестото миење ќе ви ја уништи, а особено може да ѝ наштети на обелената или фарбаната коса.
4.Немојте да ја миете косата премногу ретко
Дерматолозите велат дека и трендот на немиење на косата има загрижувачки размери. Иако претераното миење не е добро за вашата коса, ниту прескокнувањето на миењето не е добро. На тој начин се создава првут, а косата се мрси многу повеќе отколку што е потребно. Мијте ја косата барем еднаш неделно.
5.Насочете се на највалканите подрачја
На вашите раце и нозе не им треба секогаш детално миење. Подобро е да се насочите на пазувите, препоните и стапалата.
6.Внимателно изберете ги средствата со кои се туширате
Некои експерти сметаат дека традиционалниот сапун ја суши кожата. Д-р Дорис Деј вели дека би требало да користите средства што го хидратизираат телото. Сепак, ако немате проблем со сувата и иритирана кожа, традиционалниот сапун е во ред.
7.Започнете од горе
Туширањето од главата надолу ќе ви овозможи сапунот надолу да си го заврши своето.
„Ако кожата ви е склона кон акни и ви е чувствителна, измијте ги лицето, грбот и градите откако ќе го измиете регенераторот од косата“, вели д-р Деј.
8.Бричењето оставете го за крај
Влакната омекнуваат после капењето, па добро би било да го оставите бричењето за крај.
9.Исушете се со тапкање
Немојте да ја триете кожата, туку нежно истапкајте го телото. Триењето може да предизвика иритација поради која подоцна ќе почувствувате чешање.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.