Советникот на Заев предлага паралелни институции и соединување на Македонија кон Албанија

Loading...

Џезаир Шаќири, познат како командант Хоџа е лицето кое Зоран Заев си го вработи како свој советник. Скандалите за неговото име секојдневно се нижат, но најмногубројни се неговите изјави од минатото против Македонија.
Вчера објавивме интервју во кое тој вели дека е горд на терористите кои кај Диво Насеље убија и ранија голем број на припадници на македонските безбедносни сили.
Во ова негово интервју, советникот на Зоран Заев порачува дека Албанците во Македонија треба да добијат паралелни институции или да се соединат со Албанија.
-Албанците конечно треба да размислат, имаат две опции. Или да се подготвуваат за војна бидејќи имале многу причини да го земат оружјето и да се бранат од македонските напади или да чекаат додека да ги преселат сите Албанци од Македонија во Косово и Албанија, најдобро е да почнат да мислат на таков план, таков проект кој бара од Мендух Тачи или Али Ахмети и другите албански партии. Ако некој бара мое мислење ќе речам дека е добро да се почне да се градат паралелни институции, како што направиле во Косово во времето на Милошевиќ. Подобро е да се соединиме со Албанија отколку со овие кои не напаѓаат секојдневно, вели командант Хоџа.
Советникот на Заев во ова интервју им порача на Албанците во Македонија да прават платформа и да се соединат со Албанија.
-Нека прават платформа во интерес на Албанците, да не се занимаваат со тоа што прават Македонците со името или нешто друго. Ние сакаме во НАТО, сакаме во Европа, ја имаме Албанија, Косово. Косово има свои проблеми, но зошто да не се соединиме со Албанија, вели тој во ова интервју.

loading...