СОВЕТНИКОТ НА ЧУЛЕВ ПРИЗНА ДЕКА СЕДЕЛ СО МИЦКОСКИ ВО КАФЕАНАТА ВО ДЕБАР МААЛО

Loading...

Во телефонски разговор за „ТВ24“, поранешниот шеф на УБК и сега советник на Наќе Чулев – Љупчо Андоновски, потврди дека на 3 јуни бил во друштво на Христијан Мицкоски во затворениот дел во „Винотека“.

И тој, како и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, вели дека е подготвен да си ја плати казната, но и се правда дека не му биле познати протоколите зашто не можел да ги следи сите мерки, бидејќи „се менувале во пет до дванаесет“.

Андоновски тврди и дека не е точно дека некој се обидувал да ги скрие снимките од безбедносните камери, иако тие, според информациите на „ТВ24“, биле пронајдени во буре по двочасовна потрага.

Извор 24вести

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...