Советот на јавни обвинители ќе расправа за Јанева

Loading...

Советот за јавни обвинители денеска треба да одлучува дали ќе започне постапка за разрешување на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која во моментов е во притвор во за предметот „Рекет“ на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција.
На седницата, како што информираше вчера за МИА претседателот на Советот Коле Штериев, ќе се одлучува дали Советот ќе оцени да започне постапка за разрешување на Јанева и да донесат извештај.
Седницата на Советот ќе биде затворена за јавноста поради тајноста на истражната постапка којашто сеуште е во тек.


Штериев, минатата недела соопшти дека до нив е доставен извештајот, но оти не се комплетирани списите за активностите што се преземени во предистрагата и истрагата за случајот во кој е осомничена и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Штериев смета дека не може да се назначи в.д специјален обвинител без да и истече мандатот на Јанева.
Според републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, пак, Советот на јавни обвинители е тој што треба да решава и за местото прв човек на СЈО. Тој се повикува на Законот за јавното обвинителство каде во ваков случај треба да реагира Советот и да назначи вршител на должноста. Тоа, според него, би значело дека замена на Јанева би била некоја од нејзините колеги или колешки.

loading...