Совршено за „мацкање“: Рецептот за фин сос од маслиново масло

Добриот домашен леб одлично оди со сос на база на маслиново масло.

Комбинацијата е уште поубава и повкусна кога маслиновото масло се зачинува со свежо сечкан лук и зачини и се рафинира со малку рендан пармезан.
За да биде сосот вкусен, важно е да користите висококвалитетно маслиново масло, а целиот процес ќе заврши за само пет минути. Сите состојки се сечкаат, се рендаат и се мешаат со маслиново масло и веднаш се ставаат на маса.
Доколку не сте љубители на преливи, можете да го премачкате сосот врз исечкан леб како багет и кратко да го испечете во рерна.

Состојки за ароматизирано маслиново масло:

  • 70 мл. квалитетно маслиново масло;
  • 25 гр. рендан пармезан;
  • 2-3 чешниња лук;
  • ½ лажичка суво оригано;
  • ½ лажичка црвен пипер;
  • сол и бибер по желба.

Подготовка на ароматизирано маслиново масло:
Истурете масло во сад, додадете сечкан лук, рендан пармезан, суво оригано и црвен пипер. Сè добро измешајте.
Зачинете со сол и бибер по желба и послужете веднаш со кришки домашен леб.
Добар апетит!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.