Соган долма

Loading...

8 средни главици кромид
500 г мелено јунешко месо
150 г ориз
1 лажичка сув босилек
2 лажици брашно
2 мл доматен сос
1 лажичка црвен пипер
150 мл кисела павлака
масло, сол и мелен црн пипер
Излупете ги главиците кромид и пржете ги 15 минути. Внимателно извадете ги прстените на кромидот од средината, еден по еден, за да останат цели, а внатрешноста на кромидот да остане празна за да може да се наполни.
Исечкајте ги извадените прстени и пржете ги на масло додека омекнат. Додајте го месото, посолете, и наросете црн пипер и босилек. Откако месото ќе се испржи додадете го оризот. Прелијте со вода и пржете го филот уште малку, за да омекне оризот.
Пржените главици кромид наредете ги во тава и наполнете ги со филот. Во тава направете запршка: пропржете го брашното на малку масло, зачинете со црвен пипер, сол и црн пипер. На крајот додадете го доматниот сос. Ако сакате поредок сос додадете вода.
Откако запршката ќе зоврие, додадете ја павлаката и промешајте. Прелијте ги полнетите главици кромид и печете 30 минути на 200 степени.

loading...