Содржат малку калории и ги согоруваат мастите: Еве кои овошја треба да ги консумирате секојдневно

Loading...

Овошјето е важен дел од здравата исхрана, изобилува со витамини и други хранливи материи кои му се потребни на телото, а одлично е и за губење на килограмите ако го консумирате помеѓу оброците.
Слабеењето не е нималку лесна задача. Оние кои се обиделе да ги изгубат непосакуваните килограми барем еднаш, знаат колку е потребно откажување и труд.
Токму затоа, добро е да знаете на кој начин можете да си го олесните процесот.
Бирајте намирници кои содржат малку калории и кои брзо согоруваат.
Јаболки
Содржат малку калории и изобилство на влакна. Едно јаболко дневно, со лушпа, ќе ви го осигура телото со околу 4.4 грама влакна, што е околу една петтина од препорачаната дневна доза. Јадете јаболко пред главното јадење, за полесно да ослабнете.


Банани
Многумина ги избегнуваат бананите кога сакаат да ослабнат, но не би требало. Иако имаат околу 150 калории, содржат и три грама влакна, што ги прави добар избор за губење на килограмите.
Киви
Оваа мала овошна бомба содржи изобилство на витамин Ц и Е. Црните семки се одличен извор на влакна , кои помагаат при варењето. Ова овошје помага во контрола на чувството на глад, што е и тоа како важно ако сакате да ослабнете.
Шумско овошје
74 грама боровница содржи 42 калории, а 152 грама јагоди 50 калории. Освен тоа, ќе ви пружи чувство на ситост и ќе го регулира нивото на холестерол, крвниот притисок и воспалителните процеси во телото.


Лубеница
Лубеницата има изобилство од витамин А, Б и Ц. 100 грама од ова овошје содржи 30 калории и 90% вода, поради што ќе бидете хидрирани и ќе ви даде чувство на ситост.


Портокали
Тие се одличен избор ако сакате да се ослободите од маснотиите во телото. Содржат малку калории, а богати се со витамин Ц и исто така пружаат чувство на ситост.
Грејпфрут
Содржи избилство на витамин Ц, фолна киселина и калиум. Половина грејпфрут содржи само 39 калории, а ако го консумирате секојдневно пред јадење, ќе ви се намали нивото на холестерол. Ова овошје треба да го консумирате секој ден ако сакате да се ослободите од маснотиите во стомакот.

loading...