Солена торта од макарони

Loading...

400 г макарони
400 г мешано мелено месо
1 главица кромид (ситно сечкан)
3 лажици маргарин
3 лажици брашно
800 мл млеко
2 јајца
200 г кашкавал
масло, сол и мелен црн пипер
1.Макароните сварете ги според упатството на кесичката. Исцедете ги и префрлете ги во калап за торта. Доколку калапот не е тефлонски, премачкајте го малку со маргарин. Доколку не ги посоливте при варењето, сега малку посолете ги.
2.Во меѓувреме, на малку масло за готвење, запржете го кромидот и меленото месо. Зачинете по желба.
3.Во друг сад, погответе го сосот. Растопете го маргаринот, додадете го брашното и постојано мешајте. Внимателно сипете го млекото, зачинете и мешајте се додека не ја добие потребната густина..
4.Бешамел сосот тргнете го на страна, оставете го малку да се олади и додадете ги јајцата. Добри измешајте.
5.Врз сварените тестенини, истурете половина од Бешамел сосот.
6.Одозгора, ставете го целото изпржено меленото месо.
7.Истурете го остатокот од Бешамел сос и наросете со рендан кашкавал.
8.Печете во загреана рерана, на 200 степени, околу 20 минути. Тората оставете ја малку да се олади, отворете го калапот и сервирајте.

loading...