Солени бисквити со овесни снегулки и сирење

Loading...

Солените бисквити со овесни снегулки се навистина вкусни, а ако им додадете сирење тие ќе бидат одлични. Ако сте љубител на сирењето, тогаш овој вкусен и лесен рецепт е токму за вас. Овие бисквити можете да ги јадете во комбинација со маслинки, кашкавал или пијалаци како чај и кафе.
Солени бисквити со овесни снегулки и сирење
Потребни состојки:
125 г овесни снегулки
1 лажичка црн пипер
125 г крем сирење
700 г интегрално брашно
2 лажички ким
250 г путер


Начин на подготовка:
Во сад измешајте го сирењето и путерот за да добиете кремаста смеса.
Во оваа смеса додадете ги овесните снегулки, брашното, кимот и црниот пипер. Треба да направите тесто.
Потоа на рамна површина протегнете го тестото и исечете го по ваш избор (кругови, квадрати итн.) Во меѓувреме загрејте ја рерната на 180 степени.
Премачкајте ја хартијата за печење со путер и печете за 15 минути.

loading...