Солени крекери со компири

Loading...

СОСТОКИ:
300 г компири
200 г брашно
100 г маргарин
1/2 кесичка прашок за печиво
малку сол
жолчка за премачкување
сусам
крупна сол
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Сварете ги компирите, излупете ги и изгмечете ги со виљушка. Во врелиот компир додадете ги исечканиот маргарин, брашното, прашокот за печиво и солта, и замесете тесто.
Со сукалка развлечете кора до дебелина од половина сантиметар и со чаша вадете форми како за ванилици. Наредете ги во тава, премачкајте ги со жолчка, и наросете ги со сусам и крупна сол.
Печете 20-тина минути на 200 степени.

loading...