Солени Руски капи

Loading...

За пандишан
6 јајца
6 лажици врела вода
12 лажици брашно
1 прашок за печиво
прстофат сол
За фил
300 г крем сирење
100 г сечкана шунка
За премачкување
200 мл кисела павлака
7-8 лажици мајонез
За наросување
250 г рендано сирење
50 г сусам и лен
Ги делиме белките од жолчките. Со миксер ги матиме белките со солта. Потоа една по една ги додаваме жолчките. Откако убаво ќе се изматат лажица по лажица ја додаваме врелата вода. На крајот се додаваат брашното и прашокот за печиво, и се промешува. Смесата се нанесува во тава, обложена со намрсена хартија. Се пече 15-20 минути на 180 степени. Од изладениот пандишпан со тркалезен калап се вадат кругуви.
За филот ги соединуваме топеното сирење и сечканата шунка. Со филот лепиме по две испечени форми.
За премачкување ги соединуваме павлаката и мајонезот и ги премачкуваме страничните и горните делови на капите. Потоа страничнте делови ги облепуваме со ренданото сирење.
Сусамот и ленот ги запечуваме во тава без масло. Одкако ќе изладат семињата ги наросуваме горните површини на Руските капи.

loading...