Солен куглоф

Loading...

600 г брашно
400 мл млака вода
120 г маргарин
1 сув квасец
2 лажички шеќер
1 лажичка сол
100 г кулен
100 г чадена сланина
100 г чаден кашкавал
50 г сирење
50 г рендан Пармезан
1 јајце
Во сад ставете го брашното, додадете ги квасецот, шеќерот, солта и маргаринот, и со водата замесете тесто. Оставете го да стаса покриено со најлонска фолија.
Размесете го стасаното тесто и развлечете правоаголна кора. Нанесете ги изренданото сирење, исечканиот кулен, сланината и кашкавалот и наросте го ренданиот Пармезан. Свиткајте ролат, ставете го во калап куглоф и оставете да стаса.
Премачкајте го куглофот со изматено јајце и печете 40 минути на 200 степени.

loading...