Солзите не можеа да ги сопрат – прва трансплатација на црн дроб во Македонија од починат донор

Денес точно на пладне на Клиниката за дигестивна хирурија беше направена првата трансплантација на црн дроб од починат донор во историјата на македонскотo здравстсво.

Шеесет годишен пациент со хронична болест на црниот дроб доби здрав орган од пациентка во мозочна смрт чие семејство вчера се согласи да ги донира органите.

Солзите не можеа да ги сопрат – прва трансплатација на црн дроб во Македонија од починат донор

Покрај црн дроб, во моментов во тек се и трансплантациите на бубрези кај двајца пациенти со бубрежна болест.
Би сакал од мое лично име и од името на целиот персонал вклучен во трансплантациите да се заблагодарам на семејството на донорот и на нивната одлука да спасат не еден туку три животи.
Ни покажаа уште еднаш дека живот може да се подари.

Благодарност и до сите медицински тимови вклучени во трансплантацијата кои изминтиве 24 часа работеа и продолжуваат да работат со пациентите.
Особена благодарност до професор Зоран Караџов и неговиот тим, како и тимот на Клиниката за Гастроентерохепатологија, кои денес испишаа нов лист не само во делот на дигестивната хирургија туку и во целокупното здравство – напиша на ,,фејсбук” министерот за здравство, Беким Сали

Пронајдете не на следниве мрежи: