Сончево време со пораст на дневните температури

Loading...

Сончево и тивко со мала до умерена облачност ќе биде времето денеска. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла.
Утринските температури ќе се движат од -7 степени до 3, а максималните дневни ќе бидат во интервал од 1 до 10 степени.
Во Скопје и околината ќе има слично време со утринска температура од -1 степен и максимална дневна до 5 степени.
Метеоролозите за утре најавуваат сончево време со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Дневните температури ќе достигнат до 12-тиот степен.

loading...