Сончево и ветровито време, попладне пороен дожд

Loading...

Претпладне ќе преовладува сончево и топло време со умерена облачност и слаб до умерен северозападен ветер, а попладне и кон крајот на денот ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степена. УВ=8
Како што најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во Скопје ќе биде сончево и топло со умерена облачност и слаб до умерен северозападен ветер. Попладне и кон крајот на денот ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната до 30 степени.
Од недела ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со почеста појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

loading...