Сончево и студено време со засилен ветер

Loading...

Времето во земјава ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди и со умерен, вдолж Повардарието повремен засилен северен ветер. Во североисточните делови ќе провејува снег.
Утринската температура ќе се движи од -11 до -1 степен, а дневната е од -2 до 7 степени.
Во Скопје променливо облачно и студено време со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се спушти до -6, а дневната ќе достигне 3 степени.
Во сабота ќе преовладува стабилно време со постепен раст на дневната температура.

loading...