Сончево и топло време, попладне пороен дожд и грмежи

Loading...

Времето во земјава ќе биде сончево и релативно топло, попладне ќе има локална нестабилност со појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец
Утринската температура ќе се движи од 11 до 18, а дневната од 25 до 32 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, попладне повремено облачноста ќе се зголемува. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе достигне до 29 степени.
Од вторник до четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

loading...