Сончево и топло време со температура до 36 степени

Loading...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната од 29 до 36 степени. УВ индексот ќе достигне до 8.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен североисточен ветер. Минималната температура ќе биде 16, а максималната 35 степени Целзиусови.


И во наредните денови ќе продолжи периодот на стабилно, сончево и топло време со мала до умерена облачност.
Наутро ќе биде по малку свежо, а дневната температура ќе биде во благо опаѓање. До недела ќе дува слаб до умерен претежно североисточен ветер, а потоа ветерот ќе е променлив.

loading...