Сончево и топло до 22 степени, од утре влажен бран со обилни врнежи

Loading...

Променливо облачно време со сончеви периоди ќе преовладува денеска во земјава. Почести сончеви периоди ќе има во источните делови. Во текот на денот облачноста ќе се зголемува и кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната од 14 до 22 степени.
Во Скопје слично време со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 21 степен.

loading...
Loading...