Сончево и топло до 36 степени, попладне дожд

Loading...

Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ индексот ќе биде 8, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Утринската температура ќе се движи од 11 до 19 степени, а дневната од 25 до 36 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло, а попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе достигне до 16 степени, а дневната до 33 степени.

loading...
Loading...