Сончево, попладне пороен дожд и грмежи

Loading...

Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а попладне локално нестабилно со краткотраен пороен дожд и грмежи.
Повеќе услови за нестабилност ќе има во западните и југозападните планински делови. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер.


Утринската температура ќе се движи од девет до 16 Целзиусови степени, а дневната од 26 до 32. УВ-индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и дневна температура до 30 степени.

Поизразена нестабилност, на повеќе места со пороен дожд и грмежи, ќе има од четврток до сабота кога локално се можни и поинтензивни процеси. До петок дневните температури ќе бидат во благ пораст.

loading...