Сончево со локална облачност и северен ветер

Loading...

Денес во земјава времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец кој долж Повардарието повремено ќе се засилува. Минималната температура ќе се движи помеѓу 12 и 22, а максималната помеѓу 25 до 34 степени Целзиусови. УВ индексот ќе достигне вредност 8.
И во Скопје и околината слично време со температура до 30 степени.
Од утре следува период на сончево време со повторен пораст на температурите.

loading...