Сончево со северен ветер и температура до 33 степени

Loading...

Во земјава времето денес ќе биде претежно сончево и ветровито, со засилен северен ветер кој на места ќе достигнува брзина и над 70 км/час. Максималната температура ќе се движи од 25 до 33 степени Целзиусови.
Утре се уште ќе дува повремено засилен северен ветер. Во следните денови времето ќе биде претежно сончево со посвежи утра. Дневните температури ќе бидат високи за овој период од годината, особено во почетокот на наредната седмица.

loading...