Сончево со силен северен ветер од над 60 км/ч, викендов пад на температурата

Loading...

Претпладне сончево со променлива облачност, а попладне облачноста ќе се намалува. Од изутрина од север ќе започне да дува дува умерен до засилен северен ветер (над 60 км/час) кој ќе биде најизразен долж Повардарието.
Овој продор на студен воздух ветер ќе предизвика намалување на температурата, особено во северните делови и на истокот. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен северен ветер кој на повисоко и кон исток повремено ќе има силен интензитет. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Во следните денови времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Утре поради продор на постудена воздушна маса ќе дува умерен, а долж поширокото Повардарие повремено силен северен ветер (над 60 км/час) што ќе предизвика во деновите од викендот намалување на температурата, особено во северните делови. Во деновите потоа ветерот ќе биде претежно југоисточен, а температурата тогаш ќе биде во пораст.

loading...
Loading...