Сончево со температура до 36 степени и УВ=9

Денес времето во земјава ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб претежно северен ветер. Утринската температура ќе се движи од 11 до 18, а дневната од 27 до 36 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнасува 9.
И во Скопје и околината ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб претежно северен ветер. Утринската температура ќе достигне до 16, а дневната до 35 степени. УВ индексот ќе биде 9.
Во понеделник ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Во вторник и среда ќе дува умерен до засилен северен ветер и ќе има услови за краткотраен локален дожд. Дневните температури ќе опаднат за неколку степени.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.