Сончево со умерена облачност и умерен северен ветер

Утринската температура ќе се движи од 2 до 10, а дневната од 22 до 28 степени.
И во Скопје слично време, сончево со умерена облачност и со умерен северен ветер. Утринската темптература ќе се спушти до 7, а дневната ќе се искачи до 25 степени.
Од сабота следува период на променливо облачно и постудено време со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини со услови за снег. Повремено ќе дува засилен северен ветер, а дневните температури позначително ќе опаднат.