Сончево со умерена облачност, од петок пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Loading...

Во земјава времето денес ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој повремено ќе се зсилува и ќе предизвика намалување на дневните температури.
Утринската температура ќе се спушти во интервалот од 8 до 17, а највисоката температура ќе достигне од 21 до 33 степени. УВ индексот ќе биде 6.
И во Скопје и околината, сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец, кој повремено ќе се засилува. Температурата ќе достигне до 28 степени, а УВ индексот ќе има вредност 6.
Од петок во попладневните часови ќе биде нестабилно облачно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

loading...