На 17 октомври 2025 година, во 13:10 часот, на магистралниот пат Охрид-Ресен се случила сообраќајна несреќа во која се повредени две лица.
– Незгодата се случила помеѓу патничко возило марка „Рено“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 58-годишно лице од селото Речани, кичевско и товарно возило „Ивеко“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 27-годишно лице од селото Беранци, битолско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „Рено“, а со телесни повреди се здобил возачот на товарното возило, констатирани во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид изврши увидна екипа од СВР Охрид, информираат од Секторот.



