Соопштение на СеМакедонски Национален Совет- Македониум

Loading...

Во рамките на своите активности, делегација на СНС Македониум имаше средба со амбасадорот на Руската Федерација во Македонија , на која беше разговарано за актуелните политички состојби во државата и на која му беа врачени писма до Претседателот на Руската Федерација Г-н Владимир Путин и Министерот за надворешни работи Г-н Сергеј Лавров, во кои е побарано од нивна страна, како постојана членка на Советот за безбедност, на наредната седница закажана за јануари 2019 година, да спречат секаков обид за легализација на Договорот Ципрас- Заев и деноминизација на Македонија , а со тоа и бришење од светската карта на држави под нашето вековно и Уставно име. По препорака на Др. Игор Јанев воедно побаравме и да го постават прашањето на легитимност на дополнителните услови за Македонија и кршењето на Повелбата на ООН , како и одлуките на Меѓународниот суд од Хаг. Да побараат Советот за безбедност да побара советодавно мислење од Меѓународниот суд од Хаг, кој во 2011 пресуди во корист на Македонија во спорот со Грција.
Воедно во текот на вчерашниот ден, а по претходно барање на Бил Николов од Канада, Претседател на Македонското меѓународно движење за човекови права, делегација на СНС Македониум во нивно име однесе писмо во Амбасадата на Руската федерација , адресирано до Претседателот на Руската Федерација Г-н Владимир Путин во кое се бара Русија со своите сојузници да застане на меѓународно ниво во одбрана на Македонија и со тоа да се спречат сите обиди спротивни на меѓународното право, Повелбата на ООН , за бришење на Македонија од светската карта на народи.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...