Сопругата на Ди-џеј Ицко се прости од својот сопруг

Loading...

На 48-годишна возраст синоќа почина Ристо Меловски или познат како Ди-џеј Ицко. Најголемата болка ја чувствува неговата сопруга Наташа Меловска, која на Фејсбук се прости од својот сопруг.
Немам зборови, нема утеха за твојата загуба. Ти благодарам што ми беше другар, сопруг, пријател, родител за пример и другар со голем Д за сите. Празнината секогаш ќе боли, но среќни сме затоа што беше дел од нашиот живот. Те сакам и секогаш ќе те сакам душичке моја, љубов моја.

Ти благодарам за секој прекрасен момент, за тоа што секогаш знаеше да ме насмееш и орасположиш. Тешко е но морам да продолжам понатаму заради тебе, бидејќи ти беше човек кој секогаш одеше напред, морам и заради нашите деца, бидејќи ти веруваше во мене.

Ќе излеземе на прав пат не се секирај и не се соменвај, бидејќи ти секогаш ќе внимаваш на нас, знам. Нека ти е светол патот кон вечноста,“ напиша Наташа.

loading...