Сопругата на Меси, Антонела не сака да живее во Париз, се најавува спектакуларниот трансфер на Лео

Шпанските медиуми го најавуваат сензационалното враќање на Лео Меси во Барселона.
Весникот „Ел Национал“ објави дека Аргентинецот е под голем притисок да се пресели поради неговата сопруга Антонела Рокузо, која е несреќна во Франција.
Изминатото лето имаше голема драма околу трансферот на Меси. Во Барселона веруваа дека ќе остане, на крајот се префрли во ПСЖ како слободен играч, но по само една сезона искусниот напаѓач може да се врати.
Самиот Меси не се вклопува најдобро во ПСЖ и досега не беше на нивото на кое сме навикнати да го гледаме во претходните години, па собра вкупно 16 настапи и постигна само шест гола со пет асистенции. Само по себе не е толку страшна статистика, но сепак зборуваме за Меси.
И додека Меси можеби нема ништо против за ПСЖ, неговата сопруга Антонела страда во Париз, не е среќна и сака да се врати во Барселона, пренесува Ел Национал.
Истиот извор наведува дека Лионел има голема почит кон сопругата и секако дека го почитува нејзиното мислење, па можно е на крајот од сезоната сите да се вратат заедно во Барселона, иако играчот има договор до летото 2023 година со Париз. .
Тоа всушност може да биде единствениот проблем. ПСЖ тешко дека ќе го пушти без отштета, а неговиот поранешен клуб Барселона не е во добра финансиска состојба и прашање е дали Жоан Лапорта би можел да го врати, без разлика што ги уверуваше навивачите дека Аргентинецот наскоро повторно ќе го облечете дресот на каталонците.

Пронајдете не на следниве мрежи: