Сопругата на Новак работела во обложувалница, живеела во студентски дом, а овие детали ќе ве изненадат

Loading...

Сопругата на славниот тенисер Новак Ѓоковиќ, Јелена, повеќе од десет години се наоѓа во центарот на вниманието на светската јавност, а во медиумуте дозирано пласира информации од своето минато, додека таа и нејзиниот сопруг важат за еден од најусогласените парови.
Пред да стапи во брак, Јелена не ѝ била позната на јавноста. Таа, деновите ги поминувала во Милано и како и повеќето тамошни студенти, живеела во студентски дом со неколку цимерки. Поради обврските на факултетот, Јелена не го пратела Новак на турнирите, но сите мечеви ги гледала преку телевизиските екрани.


Таа била студент по економија и финансии на италијанскиот факултет Бокони во Милано. Само една година на овој факултет изнесува 5000 евра, но Јелена, како и повеќето српски државјани кои студираат таму, добила стипендија.
Парот се запознал во 2005 година преку заеднички пријатели, додека Новак сѐ уште не бил планетарно популарен. Тенисерот за прв пат се појавил со Јелена во јавноста на турнирот во Амерсфорт во јули 2006 година.
“Мојата прва работа ми беше на 16 години во парфимерија. Потоа работев во обложувалница и како шанкерка – правев кафе и сокови за да заработам за авионска карта до Италија, за да заминам на студии”, раскажала Јелена во една прилика.
“Се хранев во студентската менза. Храната не беше вкусна, понекогаш ни премногу здрава, но барем јадев конкретен оброк. За неделите и празниците кога мензата не работеше, се снаоѓавме, собиравме пари и готвевме заедно”, истакнала Јелена своевремено на својот блог.
Таа отсекогаш се одликувала со скромност и природна убавина, а како изгледала во студентските денови, можете да погледнете и од фотографиите во продолжение.

loading...