Сопруга на вработен во СЈО го издала боледувањето на Јанева

Директорката на психијатриската болница во Негорци, Љуба Цилкова го издала боледувањето за специјалната обвинителка Катица Јанева, дознава Телма, а истите извори велат дека нејзиниот сопруг е вработен во СЈО.
Вработените во обвинителството потврдуваат дека Методи Цилков кој е сопруг на докторката е вработен во приемното одделение.
И двајцата по потекло се од Гевгелија од каде доаѓа и Јанева.
Телма се обиде да ја провери информацијата во болницата, но никој не се јавува на фиксниот телефон.
Од СЈО пак само кусо одговараат дека боледувањето било прекинато за осум дена, но и по една недела нема одговор на колку денови било дадено.
Вчера пак пратеникот Антонио Милошовски објави фотографија на која пишуваше дека е дадено на еден месец.
Повика да се испита дали е дадено наменски, бидејќи се совпадна со денот на нејзината оставка но и со притворањето на двајцата осомничени во Рекет со кои се поврзува и името на Јанева.

Loading...