Сопственикот на бродот што предизвика хаос во Бејрут е пронајден во Кипар

Loading...

Според кипарската полиција, 43-годишниот Игор Грчушкин е лоциран во Лимасол на барање на Интерпол.

Рускиот бизнисмен, сопственик на брод со амониум нитрат, кој најверојатно предизвикал експлозија во пристаништето во Бејрут, е откриен на Кипар, јавуваат светските медиуми. 

Портпаролот на полицијата Христос Андреу изјави дека 43-годишниот Игор Гречушкин се наоѓал во Лимасол.

Според грчките медиуми, тој дал изјава во врска со случајот во кој експлодирале над 2.700 тони амониум нитрат и уби најмалку 135 лица, а повеќе од 5.000 се повредени. Исто така, портпарол на кипарската полиција изјави дека Гречушкин ќе биде пренесен во Либан и ќе биде предаден тамошните власти.

loading...