Сопственик на хотел го демолирал покривот на ГТЦ. Не му дале тераса!

Loading...

Мажот кој синоќа го демолираше зелениот покрив на Градскиот трговски центар е газда на хотел во истиот кој бил револтиран зошто не му дале тераса, јавува Сакамдакажам.мк.
– Сопственик на хотел е лицето кое кршеше и уништуваше инсталации. Со ова лице извесно време имаме проблеми. Бараше од нас да му дозволиме градината која ја правиме да ја користи како тераса за неговиот објект. Хотелот веќе неколку месеци не работи, па сакаше да го пренамени во угостителски објект и дел од зелената градина да му биде летна тераса. Нормално дека не му дозволивме бидејќи овој дел од ГТЦ го правиме за сите граѓани, како место за рекреација и слободен влез за секого“, велат вработени во Трговскиот центар за порталот СДК.МК.
За демолирањето на Фејсбук обелодени скопскиот градоначалник.
– Зелениот кров на ГТЦ … И сторителот !!! Нема да застанеме заради вакви “луѓе”. Скопје ќе го биде. Сакал некој или не !!!, напиша Шилегов.

 

loading...