Сопственичка на салон за еротска масажа ќе влезе во словенечкиот Парламент

Loading...

39 годишната Лидија Ивануша, член на Словенечката национална партија (СНС) и сопственичка на салон за еротска масажа во местото Арја вас, влегува во словенечкиот Парламент.
Станува збор за како што се наведува „салон за класична рачна масажа со масло, класична еротска масажа и еротска масажа- дискретно“.
Новинарите на словенечкиот портал „СиолНЕТ“ се јавиле во салонот, но мажот кој се претставил како сопственик кажал дека не станува збор за истата личност и дека „веројатно станува збор за имењачки“.Меѓутоа, претседателот на СНС, Змаго Јелинчиќ потврди дека Ивануша е „сопственичка и на други фирми“, а на прашањето дали е вистина дека се работи за салон за еротска масажа, кажал дека „доста веројатно е дека таа не работи во тој салон, туку има вработени“.

Јелинчиќ додава и дека не гледа ништо спорно во тоа во Парламентот да има личност која држи салон за еротски масажи. Погледнете малку во Европа, во Австрија веќе има слични салони. Тоа е работа регулирана од страна на државата и потполно е легална. Живееме во земја во која се што е различно веднаш е спорно и лошо, констатираше тој.

loading...