Сорос: Војната во Украина може да биде почеток на Третата светска војна

„Инвазијата можеби е почеток на Третата светска војна и нашата цивилизација можеби нема да ја преживее. Ова го изјави американскиот милијардер Џорџ Сорос во својот традиционален вечерен говор на Светскиот економски форум во швајцарскиот планински град Давос по повод војната во Украина. Тој рече дека Европа би можела да има поцврст став против претседателот Владимир Путин за гасот отколку што тој мислел.

Инвеститорот и филантроп со унгарско потекло рече дека војната ја потресе Европа до срж.

„Треба да ги мобилизираме сите наши ресурси за брзо да ја завршиме војната. Најдобриот, а можеби и единствениот начин да ја зачуваме нашата цивилизација е да го победиме Путин што е можно поскоро“, рече Сорос. Тој ја пофали американската и европската поддршка за Украина, но зависноста на Европа од руските фосилни горива „останува прекумерна“, рече тој. Според него, оваа зависност во голема мера се должи на „меркантилната политика што ја води поранешната германска канцеларка Ангела Меркел“, која склучила „специјални зделки“ со Москва за снабдување со гас.

„Мислам дека Путин е многу умен во уценувањето на Европа со закана дека ќе го прекине гасот, но всушност неговите аргументи се многу послаби отколку што изгледаат“, рече Сорос. Според него, минатата година Путин складирал гас наместо да го извезува во Европа, создавајќи недостиг кој ги зголемил цените и на Русија и донел многу пари.

Сорос го искористи својот говор оваа година за да таргетира друга заедничка цел, кинескиот претседател Кси Џинпинг. Тој ги нарече претседателите на Кина и Русија „диктатори“ чии земји претставуваат „најголема закана за отвореното општество“. Според него, владеат со заплашување.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.