Состојбата на градоначалникот на Гдањск се уште – критична

Равел Адамович, градоначалник на Гдањск кој синоќа за време на хуманитарен настан беше избоден се наоѓа во тешка здравствена состојба, лекарите се борат за неговиот живот, но состојбата се уште е критична, пренесуваат тамошните медиуми.
-Пациентот е жив, но неговата здравствена состојба е многу лоша. Операцијата траеше пет часа, му дадовме многу крв. Повредите беа многу тешки. Тој има тешка повреда на срцето и стомакот. Наредните неколку часа се одлучувачки, изјави директорот на Универзитетскиот клинички центар за  медиумите.
Граѓаните на Гдањск од синоќа масовно донираат крв за 53-годишниот опозициски политичар, како и за другите пациенти сместени во истата болница, пишуваат медиумите.

Loading...