Состојбата низ Македонија: влажни коловози, магла и голомразица

Loading...

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, иако интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.
На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па заради ниските температури во вечерните и утрински часови постои можност и од појава на голомразица.

loading...