Сочен ручек: Компир торта полнета со кашкавал и сланина

Loading...

Идеален ручек за љубителите на богат вкус на кашкавал, во комбинација со компир и сланина.
Рецептите со компир одат до бесконечност, а овојпат ви предлагаме компир торта која ќе ви го задоволи сетилото за вкус со богатата текстура и состојки.
Запечено компир пире со крцкава сланина и растопен кашкавал кој се разлева од средината… веројатно веќе огладневте.
Подгответе си го овој ручек викендов.
Потребни состојки:
10 компири
100g брашно
3 јајца
150g сланина, сечкана
50g путер
1 калап камембер сирење
Магдонос
Сол и бибер


8 парчиња сланина за редење одозгора
Начин на подготовка:
Изгмечете ги компирите и додадете ги сите состојки во садот освен парчињата сланина.
Измешајте добро додека не добиете хомогена смеса.
Истурете поголем дел од смесата во кружен калап и измазнете ја.
Во средината вметнете го калапот сирење или кашкавал по желба и одозгора премачкајте со остатокот од смесата.
Наредете ги наизменично парчињата сланина одозгора.
Ставете да се пече 25 минути на 180°С.

loading...