Сочна тава зеленчук

Loading...

Приготвување:
Загрејте големо тенџере со маслиново масло. Ставете ги лукот, кромидот, печурките и соја сосот. Промешајте и динстајте 5 минути.
Сега додадете ги морковите, целерот, компирите, леќата, рузмаринот, дафиновите листови, доматите, зеленчуковата супа и промешајте.
Додадете го какаото во прав и убаво измешајте.
Покријте го тенџерето со капак и оставете да крчка 30 минути, или додека зеленчукот да омекне.
Префрлете го во рерна кратко да се запече и послужете.


Состојки:
3 големи чешниња лук, сечкани
1 црвен кромид, сечкан
350 г сечкани печурки
1/4 чаша соја сос
4 моркови сечкани
3 стебленца целер, или половина корен
500 г млади компири исечени на половина
250 г сварена леќа
1 гранче рузмарин ситно сечкан
3 дафинови листа
800 г домати од конзерва
300 мл зеленчукова супа
2 лажици какао во прав

loading...