Сочно свинско филе

Loading...

Потребни состојки:
600 гр свинско филе
Сос
2 лажици мед
2 лажици сенф
Салата
Спанаќ
Домат
Суво овошје
Ореви
Пире од компири


Начин на подготовка:
Парчето свежо месо варете го 15-20 минути. Префрлете го во обична или грил тава додадете масло и постепено додавајте по неколку лажици од водата во кое се варело месото. Зачинете го месото од двете страни и пржете го од двете страни на тивок оган. На пола пржење во тавата додадете парче путер(може а и не мора). Направете го сосот од мед и сенф и премачкајте го месото , па повторно пропржете.
Исечете го на тенки парчиња, послужете го на лажица пире и интересна салата oд свеж спанаќ, суво овошје и ореви.

loading...