Со автомобил удрил во џамија на североистокот на Франција

Loading...

Маж со својот автомобил удрил во влезот на Големата џамија во местото Колмар на североистокот на Франција. Полицијата го уапсила возачот кој на себе имал повредни нанесени со нож, но не е познато дали самиот се повредил или го нападнало друго лице.
Според изјавите на очевидци на несреќата, на кои се повикуваат локалните медиуми, возачот на автомобилот извикувал “Алах акбар“, а веднаш по инцидентот полицијата го затворила целиот реон околу џамијата.
Како што наведува “Спутник“ засега не е познато дали нападот е дело на терорист или е обид за самоубиство.

loading...