Со вистинскиот маж никогаш нема да размислувате за овие 5 работи

Комуникацијата е клуч на силната врска. Преку комуникацијата им даваме на знаење на луѓето дека ни значат. Со оглед на тоа дека сите искажуваме љубов на различен начин, важно е на ум да се има суштината на комуникацијата, но сепак, една работа дефинитивно е непроменлива: Ако мажот навистина ве сака, тоа ќе го знаете и ќе го почувствувате.
Доколку не го почувствувате тоа, секогаш ќе се прашувате дали ќе ве сака или не.
Но, вистинскиот маж никогаш нема да дозволи да се сомневате и да се двоумите околу овие работи:
Дали ве почитува или не
Љубовта е производ на почитта. Не можете да сакате некого доколку не го почитувате. Човекот кој ве сака и кој се грижи за вас, секогаш ќе се посоветува со вас кога ќе носи одлуки кои влијаат и на двајцата.
Дали мисли дека сте убави или не


Кога се работи за убавината не е во прашање само физичката привлечност. Вистината е кога сме заљубени, сѐ на другата личност ни е прекрасно. Ниту еден маж не би смеел да дозволи неговата жена да се прашува дали му е доволно привлечна. Давањето комплименти и обрнување внимание на ситни детали може да направи чуда.
Дали ве цени или не
Навистина, ова никогаш не би смеело да се случи. Никогаш не смеете да почувствувате дека партнерот не ве цени. Нема никакви изговори.
Дали ве поддржува или не
Кога мажот ќе ги посвети љубовта и времето на жената, тоа мора да биде безусловно. Ќе има и добри и не толку добри денови. Ќе има предизвици и неочекувани ситуации. Но, тој ќе остане на ваша страна и ќе биде дел од вашата „екипа“.
Дали се чувствувате сигурно покрај него или не
Еден од најголемите и најдобрите комплименти кои жената може да му ги даде на мажот е кога ќе му каже дека покрај него се чувствува сигурно. Без оглед на тоа колку ја привлекува и колку го сака, ако жената не може мирно да спие покрај него, сѐ паѓа во вода.

Loading...