Со воајерство не се задржува фотелја! Медиуми на Мицкоски безобразно задираат во приватноста на Коневски

Loading...

Попладнево е забележан камерман како ги снима дворот и станот во кој живее поранешниот градоначалник на Општина Аеродром, Ивица Коневски и со тоа се наметна прашањето за директно задирање во неговата приватност и приватноста на неговото семејство.

Според неофицијални информации, станува збор за снимател од медиум близок на Христијан Мицкоски.

ВИДЕО ЛИНК

Ова видео стана вирално на социјалните мрежи каде луѓето коментираат дека станува збор за чисто воајерство и обид за дискредитација на Коневски, кој е член на Иницијативниот одбор за одржување вонреден конгрес.

Видеото создаде негодување и наиде на големо неодобрување на социјалните мрежи, затоа што, како што се наведува во коментарите, никој нема право да задира во туѓата приватност на ваков „безобразен“ начин.

На случката со снимателот, претходеше објава на блиски портали на Мицкоски, во која се наведува дека Коневски кој веќе три години има своја адвокатска канцеларија, е инвеститор на зграда во Аеродром.

Познавачи на приликите сметаат дека ова е класична хајка против Коневски со цел да се прикаже во негативно светло само заради фактот што е еден од предводниците за смена на Мицкоски.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...
Loading...