Со вонредна состојба Франција ќе ги спречува нередите

За да спречи повторувањето на едни од најголемите нереди во последните повеќе од 10 години Франција размислува да воведе вонредна состојба, изјави денес портпаролот на француската Влада, Бенџамин Гриво.
– Француската Влада ги повикува мирните демонстранти да седнат на преговарачка маса – додаде Гриво.
Тој наведе дека мораат да ги разгледаат мерките кои ќе се преземат за да не се повторат инцидентите. Заради случувањата во Париз францускиот премиер Едуард Филип ја откажал посетата на Полска.

 

Loading...