Со голема забава Зоолошката градина утре ќе го одбележи 93 -тиот роденден

Loading...

Посетителите кои утре ќе дојдат во Зоолошката градина во Скопје на одбележувањето на нејзиниот 93 -ти роденден ги очекуваат забава со детски песни, театарска претстава, Дизни маскоти и други изненадувања.
Големата роденденска журка ќе почне во 17 часот, а присутните ќе уживаат во настапите на „Златно Славејче”, детската театарска претстава на Неверленд- Волшебникот од ОЗ, како и со Дизни маскотите.

loading...