Иако надлежните уверуваат дека преземаат мерки против енормното загадување на воздухот тие не се чувствуваат. Опасните ПМ 10 честички синоќа во Скопје достигнуваа концентрација над пет пати повисока од дозволената. Скопјани и понатаму се гушат во загаден воздух, па се поставува прашањето дали тие се недоволни или несоодветни.
Од Советот на Град Скопје најавуваат дека на првата наредна седница ќе расправаат и ќе одлучуваат за промена на цената за паркирање во денови кога ќе бидат прогласени вонредни мерки поради преголемо присуство на ПМ10 честички во воздухот. Се претпоставува дека во тие денови цената ќе се биде двојно зголемена. Целта е да се стимулираат граѓаните на Скопје да го користат градскиот превоз наместо своите автомибили, со што ќе се намали загаденоста. На кој начин ќе се констатира кога треба да стапат на сила вонредните мерки, ако знаеме дека мерните станици на многу места и многу често не работат, останува да видиме.