Со истрели во воздух АРМ спречи поголема група мигранти да влезе во земјава

Loading...

Синоќа околу 19.30 часот во близина на граничниот премин Богородица – Евзони помеѓу Р.Македонија и Р.Грција дошло до краток вооружен инцидент во кој припадници на АРМ истрелале неколку рафали во воздух, во обид да одвратат поголема група на нелегални мигранти да влезат на Македонска територија.
Според информацијата, при редовна патрола на АРМ на граничната линија со Р.Грција, во близина на мигрантскиот камп кај Гевгелија дошло до помал инцидент во кој војниците на АРМ биле приморани да отворат оган во воздух, за да одвратат поголема група на мигранти да влезат на македонска територија.
Поголема група од 15-20 мигранти се повлекла назад на територија на Грција, додека петмина мигранти биле уапсени на Македоска територија.

 

loading...