Со насилни протести Мицкоски и проруската инсталација Апасиев работат против ЕУ

Христијан Мицкоски заедно со неговиот партнер, проруската инсталација Димитар Апасиев со насилни протести и крвави сценарија работат против интеграцијата во ЕУ.

Дали се беше организирано однапред??

Минатата недела јавноста виде како членови на ВМРО-ДПМНЕ и Левица каменуваа полицајци, фрлаа молотив коктели, ширеа омраза преку обиди за крвави сценарија и оштетуваа објекти на државни институции.
Со насилни протести Мицкоски и проруската инсталација Апасиев работат против ЕУ, илустрација СДСМ

Минатата недела јавноста виде како членови на ВМРО-ДПМНЕ и Левица каменуваа полицајци, фрлаа молотив коктели, ширеа омраза преку обиди за крвави сценарија и оштетуваа објекти на државни институции.

Јавноста се уште очекува одговори и за улогата на политичкиот дезертер од Армијата, Драган Ковачки со овие настани?

Дали токму Ковачки коорднирал група на поранешни припадници на Армијата во ова крваво сценарио?

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и нивниот проруски коалициски партнер Левица прават се за да ја нарушат стабилноста на државата но СДСМ, заедно со институциите, со граѓаните, тоа нема да им го дозволи.

Одговорност за насилството и за режираните крвави сценарија мора да понесат сите инволвирани – се вели во соопштението на СДСМ.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.